Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Оттаму потенцираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од јавното претпријатие