Сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка, две лица со тешки повреди

Тешка сообраќајка во Струмица, машина за сечење дрва удри во „ауди“
Тешка сообраќајка во Струмица, машина за сечење дрва удри во „ауди“

Две лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа која околу 11:50 часот се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на местото викано Ливади, потврдуваат од МВР за Курир.

Од полицијата за Курир информираат дека во сообраќајката учествувале две возила.

-Сообраќајната несреќа се случила меѓу „Сеат Толедо“ управуван од Ќ.Т. (51) од Блаце и „Форд Мондео“ со кој управувал 45-годишниот Б.А. од Куманово. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентениот центар во Скопје, велат од МВР за Курир.

Полицискиот увид се уште е во тек, а како што претходно информираше и АМСМ сообраќајот на овоја патен правец е во прекин.