Сообраќајка во Тетово, повредени две лица

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 16 часот, на крстосницата на улицата „Илинденска“ со регионалниот пат Тетово-Брвеница и улицата „166“ во Тетово.

-Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Фолксаген Туарег со германски регистарски ознаки, управуван од 35-годишниот Б.Ф. од Мала Речица и мотоцикл „Априлија“ со тетовски таблици, што го управувал 27-годишниот С.А. од Голема Речица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Мотоциклистот и неговиот сопатник А.А.(24) од Голема Речица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата полициски екипи извршиле увид.