Сообраќајот се одвива нормално, наместа по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

На патниот правец Кратово – Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, поради обилните врнежи оштетена е една коловозна лента, при што е воведена забрана за тoварни возила и автобуси, додека сообраќајот за патнички возила се одвива наизменично.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.