Сообраќајот се одвива по влажни коловози

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини Меџитлија и Дојран од грчката страна има целосен прекин. На граничниот премин Богородица на секои два часа пропуштаат возила по 15 минути. Прекинот е поради штрајк на Федерацијата на цариници на Грција. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.