Сообраќајка во Кавадарци, еден починат

Утрово околу 7:45 часот на регионалниот пат Кавадарци – с. Дреново кај местото Лазов мост се случила сообраќајна несреќа меѓу „Шкода“ и „Ауди А6“.

На повредите им подлегнал Бранко Д.(62) од Кавадарци.

Тој ја управувал „шкодата“ со кавадаречки регистарски ознаки, а другото возило „ауди А-6” со прилепски регистарски ознаки го управувал З.К.

Бранко Д. бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде им подлегнал на повредите.