Соопштено кој ќе оди од Македонија на погребот на кралицата

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора во Лондон, соопшти денеска кабинетот на претседателот Пендаровски.

Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон.

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември.

Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.