Сопатничка тешко повредена откако автомобил удри во ограда на клучката во Илинден

Жена од скопско Кадино е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила во четвртокот околу пладне, кога автомобилот во кој била сопатничка удрил во металната ограда на клучката кај Илинден.

На 19.12.2019 во 11.25 часот на сервисната улица која ги поврзува улицата „1“ и автопатот „Пријателство“- клучка Илинден, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(32) од село Илинден, скопско, удрило во метална ограда.

Во незгодата, сопатничката Т.Б. м а43 години, од селото Кадино, скопско, се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.