Сопрен рускиот гас за Германија на 10 дена поради одржување „Северен тек“

Рускиот гасовод „Северен тек“ кон Германија ќе биде затворен 10 дена поради годишно одржување, пренесува РТ. Ова денеска го потврдија од компанијата задолжена за проектот, пренесува Б92.

Двата крака на гасоводот ќе бидат суспендирани заради одржување работи од 11 до 21 јули. Операторот додаде дека исклучувањето било претходно договорено со сите партнери.

„Норд стрим АГ привремено ќе ги затвори двете линии од својот гасоводен систем за рутинско одржување, вклучително и тестирање на механички елементи и системи за автоматизација за да обезбеди сигурна, безбедно и ефикасно функционирање на гасоводот“, се вели во соопштението.

Прашањето останува дали годишното одржување е вистинската причина за сопирање на гасот за Германија, со што истовремено губат и многу други европски земји кои добиваат гас преку оваа земја.