И сопругата на директорот на ЕСМ отвори бутик во Ист Гејт мол

Мери Ковачевска, сопруга на директорот на државната компанија ЕСМ, Васко Ковачевски преку социјалните мрежи бара девојки за работа во бутик во новоотоворениот трговски центар Ист Гејт мол.

Ковачевска на 6 септември на Фејсбук најавила наскоро отворање на бутикот во Ист Гејт мол, по што во коментари добила голем број честитки и желби за успешен почеток и работа.

На социјалните мрежи се објавува дека и ова семејство е меѓу познатите во политиката кои дојдоа до локал во трговскиот центар.

Претходно во медиумите беше објавувано дека синот на Петре Шилегов во Ист Гејт мол има кафуле, а со локал таму се обезбедил и емотивниот партнер на министерката за образование и наука Мила Царовска.