Сопругата на генсекот на ДИК стана претседателката на градскиот совет

Љубица Јанчева, сопругагата на генералниот секрeтар на Државна изборна комисија, Добре Јанчев, е новиот претседател на Советот на Град Скопје.

За скандалозната спрега меѓу државната институција задолжена за организирање на изборите со партијата на власт, конкрено за овој случај, реагираше и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, но, никој не понесе одговорност за очигледниот конфликт на интереси.

Ниту Јаначев си поднесе оставка, туку напротив учествуваше на предизбоните митинзи на СДСМ за локалните избори, ниту пак, тоа не ја спречи неговата сопруга да се кандидира за советник на листата на СДСМ за Град Скопје. А, сликата за непотизам и конфликт на интереси е повеќе од јасна, бидејќи е логично генералниот секретар на ДИК да работи во насока на интересите на својата сопруга и нејзината политичка опција СДСМ.

Значи, сопругот организира избори, а сопругата, првенствено кандидат за советник, ја избираат сега за претседател на градскиот совет.

Од ДИК се’ уште молчат за овој скандал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.