Сопругата на Игор Југ: Случајот е целосно монтиран, ноќта кога го приведоа го демолираа целиот стан, и се однесуваа како да го приведуваат најголемиот криминалец

Игор за мене ниту е терорист, ниту уставобранител. Игор за мене е сопруг, родител и човек кој е ставен пред законот да биде неправедно осуден, на монтиран случај на целиот предмет за да дојде до делото тероризам, вака зборува сопругата на еден од осудените во случајот 27ми април Игор Југ, Ивана Југ во отвореното студио на телевизија Алфа.

Ивана раскажува за тоа како бил приведен Игор Југ истакнувајќи дека го приведувале спектакуларно со специјалци и со демолирање на целиот стан каде што живеат.

-Овде во нашиот дом во 4:30 часот сабајле спектакуларно приведување со специјалци, со полиција блокирање на улици, прв беше приведен за случај упад во толпа. Приведувањето од овде беше со кршење на врата, со демолирање на целиот стан, буквално како да го апсат најголемиот криминалец, потенцираше таа.

Ивана додава дека првата средбата помеѓу Игор Југ и неговата четири ипол годишната ќерка после четири ипол години била кога тој го добил првиот слободен викенд за која вели дека била многу болна и тешка.

Југ кажа дека единствено што побарале е правично судење, прашувајќи ако нејзиниот сопруг е осуден за тероризам тогаш зошто Крсто Муковски е ослободен од обвинение кога тој лично ги отворил вратите на собранието за да влезе толпата народ.

-Едноставно што побаравме е правично судење, нека бидат осудени за упад во толпа. Не може да има тероризам. Каде е тероризмот за Крсто Муковски кој ги отвори вратите за да влезат сите тие луѓе, каде е тероризмот за Љубен и сите останати кои што беа ослободени, прашува Југ.