Сопругата на израелскиот премиер прогласена виновна за злоупотреба на државни пари

Сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е прогласена во неделата а виновна поради тоа што парите од даночните обврзници ги трошела на ручеци, пренесуваат агенциите од судот во Ерусалим.

Сара Нетанјаху признача дека злоупотребувала државни пари и ќе мора да плати 15.000 американски долари. Таа беше обвинета во јуни 2018 година за трошење на 99.300 долари за угостителски услуги, откако лажно тврдела дека во резиденцијата на премиерот немало на располагање готвачи. Според договорот за признавање на вината, сопругата на премиерот ќе мора да ѝ врати на државата 12.490 долари и ќе плати глоба од 2.777 долари.

Нејзиниот адвокат изјави дека случајот нема никаква поврзаност со Сара, туку дека тоа бил обид да се урне нејзиниот сопруг премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој победи и на предвремените парламентарни избори претходно годинава.

Откако во јуни 2018-та беше обвинета за проневера и злоупотреба на довербата, Сара Нетанјаху се спогоди со судот. На крајот е прогласен аа винована, бидејќи искористила туѓа грешка и е осудена само на парична казна и надомест на сторената штета. Тужбата за проневера која би повлекла строга казан, така е повлечена. Судењето започна во октомври 2018 година.

Сара Нетанјаху и претходно беше обвинувана. Во 2106 година судот во Ерусалим пресуди дека семејството Нетанјаху мора да плати отштета со камати на поранешниот батлер, кој ги обвини дека лошо постапувале кон него. Самиот премиер Бенјамин Нетанјаху, врз кој според медиумтие сопругата има големо влијание, пак, на почетокот од октомври ќе биде сослушуван поради сомневање за три дела: „корупција“, „проневера“ и „злоупотреба на довербата“.