Сопругата на Меси се противи на неговата преселба во Ал Хилал

Антонела Рокузо, сопругата на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, е против преселбата на играчот во Ал-Хилал. Според „L’Equipe“ Рокузо не сака да се пресели во Саудиска Арабија со три мали сина.

Фудбалерот претходно сериозно размислуваше за можноста да се пресели во Ал-Хилал. Во моментов аргентинскиот напаѓач не брза со одлука.

Вчера се дозна дека Меси добил рекордна понуда од Саудиска Арабија.

Актуелниот договор на фудбалерот со ПСЖ е до летото 2023 година.

Враќањето во Барселона е потенцијална опција, но овој потег е многу проблематичен за каталонскиот клуб поради лошата финансиската состојба.

Меси оваа сезона одигра 37 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.