Сопругата на принцот на Камбоџа загина во сообраќајна несреќа

Сопругата на камбоџанскиот принц, Оак Пал, загина во сообраќајна несреќа на југот од земјата, а нејзиниот сопруг е хоспитализиран, пренесе агенцијата Xinhua повикувајќи се на полицијата.

Несреќата се случила околу 9 часот наутро по локално време, околу 4 часот по македонско во неделата, во провинцијата Кампонгсаом. Според првичните сознанија, во автомобилот на принцот се забило такси возило, коешто доаѓало од спротивен правец. Петмина од патниците во линиското такси биле повредени.

„Сопругата на принцот почина во 12.23 часот (7.23 часот по македонско време), поради тешките повреди“, изјавил портпаролот на покраинската полиција Чун Нарин, кого го цитира агенцијата.

Според него, и 74-годишиот принц бил пренесен во болница во Пном Пен. Тој се здобил со полесни повреди на ногата и главата

Ова не е првиот инцидент со автомобилот на кралското семејство на Камбоџа. Во 2015 година самоубиец влета во колоната возила при што настрадаа шест лица.

Нородом Ранарит во период од 1993 до 1997 година беше премиер на Камбоџа, а од 1998 до 2006 година претседател на Националното собрание, долниот дом на парламентот. Од 2015 година принцот е лидер на ројалистичката партија FUNCINPEC (Национален фронт за независна, неутрална, мирна и соработувачка Камбоџа).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.