Сопругата на шпанскиот премиер заразена со коронавирус

(AP Photo/Alastair Grant, Pool)

Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Марија Бегоња Гомез, е заразeна со новиот коронавирус, соопшти ноќта кон неделата службата за односи со јавноста на владата во Мадрид.

„Анализите спроведени последните часови во дворецот Монклоа врз лица блиски на премиерот, дадоа позитивен резултат во случајот на неговата сопруга Бегоња Гомез. И со Гомез и со премиерот сѐ е во ред, и двајцата остануваат во дворецот Монклоа и постојано се следат превентивните мерки утврдени од здравствените власти“, се прецизира во соопштението.

Во четвртокот беше потврдено дека заразена со коронавирусот е министерската за родова еднаквост Ирене Морено. Таа, инаку е партнерка на Пабло Иглезијас, челникот на левичарската партија Заедно можеме (Unidas Podemos), со кого живее во заедница и има деца.

Потоа, сите министри кај сите министри во владата на Санчез беа направени тестотив за коронавирусот. Засега заболувањето е потврдено само уште кај министерката за територијална политија и јавна администрација, Каролна Даријас.

Во саботата министерскиот совет одобри воведување на режим на делумна изолација на територијата на целата земја поради острото ширење на епидемијата на короанвирусот. Мерките вклучуваат ограничување на движењето на населението низ целата земја, освен во случаи на вонредна потреба.