16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Сопругата на Вил Смит по 20 години брак во карантин сфатила дека воопшто не го познава

И покрај тоа што се во брак повеќе од 20 години, сопругата на Вил Смит, Џада Пинкет Смит, призна дека тие само се познаници.

Џада признала дека била присилена да го поминува целото време со Вил поради сегашната пандемија на коронавирус и сфатила дека таа навистина не го познава својот сопруг.

„Ова е многу предизвикувачко. Принудени сте да гледате на нештата поинаку“, објави Џада на својот Фејсбук профил објавувајќи нова епизода на шоуто „ Red Table Talk “.

Таа рече дека мора да се справи со таа реакција и тешко е да прифати дека не го познава Вил, иако се во брак од 1997 година.

Џада порано зборувла за нејзиниот брак со Вил во ова шоу и рекла дека сака да покаже дека нивниот брак не е совршен.

“И двајцата бевме подготвени да се ослободиме од сите идеи што луѓето ги имаа за нас и нашиот брак, што воопшто не е совршен. Ова е нашата вистина и можете да ја земете или да ја оставите, но така е”, рече Џада.