Сопружници натепани по сообраќајка во Маџари

Сопружници од Скопје биле нападнати од тројца по сообраќајка, вчера во населбата Маџари, информираше МВР.

-На 24.09.2019 во 16.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(51) од Скопје пријавил дека во 16.30 часот на ул.„Перо Наков“, по претходна сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, Б.С. и сопатничката БС.(47) од Скопје, кои биле во едното возило, биле физички нападнати од три лица од другото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.