Сопружници од Бугарија уапсени во Германија за криумчарење бебиња

Брачна двојка од Бугарија по којашто полицијата трагала поради криумчарење новороденчиња во Грција, е уапсена во Германија и наскоро ќе бидат екстрадирани, соопшти во средата државното обвинителство во Софија.

По осомничените сопружници во февруари годинава бил издаден европски налог за апсење порди „сомневање за учество во организирана криминална група која на грчката територија криумчарела новороденчиња“, се наведува во соопштението.

Мажот и жената, чијшто син веќе е притворен во Бугарија, биле уапсени на 29-ти април во градот Ноекирхен, на југозападот на Германија. Бугарското државно обвинителство не ја наведива причината за нивниот престој во Германија, но истакнува дека на сите тројца им се закануваат затворски казни во траење од 5 до 15 години.

Осомничени се дека од 2015 година врбувале трудници од сиромашни средини со ветување дека ќе добијат 2.500 до 3.500 вра. Потоа ги носеле и сметувале во стан во Атина пред породувањето.

„Неколкуи дена по породувањето децата им ги продавале на локални криумчари кои навјеројатно припаѓале на меѓународна мрежа за нелегално тргување со новороденчиња. Утврден е идентитетот на девет жени, сите од сиромашни средини, чиишто деца се родени и продадени во Грција“, се наведува во соопштенеито на буграрскот обвинителство.

Нелегалното тргување со новороденчиња коешто од почетокот на минатата деценија беше раширено во ромските населби во бугарскиот источен пристанишен град Бургас, последните години се проширил и на другите делови од земјата, а најчеста крајна дестинација е соседна Грција.

Бавноста во постапката за посвојување, којашто претходно траела и по пет години во Грција и во некои западните европски земји, ги поттикнал многу кандидати да прибегнат кон ова нелегално тргување со бебиња. Благодарејќи на законот од 2018 година, времето за чекање за посвојување е скусено, но мрежите за криумчарење сѐ уште се активни како „полесно решение“ за оние кои не успеваат да посвојат дете на законски начин.