9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Сопружници од Крива Паланка тешко повредени, настрадале во експлозија на гасна боца

Во вторникот година во 16.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствениот дом во градот било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Р.О. на 62 и М.О. на 66 години од Крива Паланка.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при експлозија на плинска боца во нивната семејна куќа во Крива Паланка.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.