Сопружници случајно оштетија дело вредно половина милион долари

48

Млада јужнокорејска брачна двојка оштетила дело од опусот на уличната уметност на американскиот „графити“ уметност кој се потпишува како JonOne, рекле дека по грешка мислеле дека им е дозволено да интервенираат на тој дел во рамките на ткн „партиципаторната уметност“, изјави кустосот.

Шареното апстрактно дело долго 700 а високо 240 сантиметри, е проценето на 500.000 американски долари, а го насликал JonOne пред публика во 2016 година во Сеул.

Кога е префрлено во галеријата „Lotte World Mall“, со делото се пренесени и изложеи и кантички со боја и кистови кои, исто така, се сметаат за дел од целата инсталација.

Организатирите на изложбата објавија дека минатата седмица на надзорните камери забележале момче и девојка коишто ја користат бојата и додаваат свој печат на сликата, пренесува агенцијата Reuters.

Двојката е приведена во полиција, но подоцна се ослободени бидејќи галеријата одлучила дека нема да ги тужи, убедена дека станува збор за ненамерна грешка.

„Мислеле дека тоа смеат да го направат, дека делото е отворено за париципирање и згрешиле. Во моментов разговараме со уметникот, околу тоа дали ќе ја реставрираме сликата“, изјави организаторот на изложбата Канг Вук.

По инцидентот галеријата го оградила делото со жица и стави натписи со предупредување дека не смее да се допира. Некои од посетителите на изложбата и го фотографирале отштетеното дело, а Канг изјви дека по инцидентот се зголемил интересот за изложбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.