Сопственик на хотел затаил 4 милиони денари данок

Сопственик на струшки хотел е осомничен дека затаил данок од околу 4 милиони денари, информираше МВР. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава за даночно затајување против осомничениот К.Ш.(58) од струшкото село Ложани.

За истото дело приајвена е и фирмата ТДУТУ „Шуми-81“ Струга ДООЕЛ село Калишта.

Инспектори од Управата за јавни приходи при контрола на хотелот „Бисер“ во Калиште утврдиле даночни неправилности во текот на 2012, 2013 и 2016 година.

Според УЈП, К.Ш. како управител на „Шуми-81“, во чија сопственост е хотелот, не пријавувал дополнителни приходи остварени од угостителски услуги. На тој начин одбегнал плаќање на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок, оштетувајќи го државниот буџет за износ од 3.899.058 денари.