Сопственикот на Алибаба се повлекува од раководната функција

Џек Ма, соосновач и шеф на кинескиот интернет-трговски гигант Алибаба и истовремено најбогат човек во Кина, најави дека од понеделник, на својот 54-ти роденден ќе се повлече од раководството на компанијата за да се посвети на филантропски активности.

Ма во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ рече дека претстојната смена на врвот на концернот тој не ја смета за крај, туку за почеток на нова ера. Тој не најави кој ќе го замени, но потврди дека останува во Надзорниот одбор на Алибаба.

Џек Ма паттот кон богатството го почнал како туристички водич, кој учел англиски од туристите па станал учител по англиски јазик, иако трипати паднал на приемен испит на факултет. По понатамошното дипломирање економија во Пекинг, конкурирал за работа на 30 места и -секаде бил одбиен. За време на патување во САД, во 1995. година првпат видел компјутер. Но, оттогаш почнал вртоглавиот подем.
Алибаба е основана од 18 луѓе предводена од Ма, а денес е најголемата интернет продавница во Кина. Нејзината пазарна вредност достигна 420 милијарди долари, а во светот вработива повеќе од 66.000 луѓе.
Ма, исто така, ја контролира Ant Financial, чија пазарна вредност достигна 150 милијарди долари.