Сопственикот на Фулам се откажа од купувањето на Вембли

Сопственикот на англискиот фудбалски премиерлигаш Фулам и на екипата во американската НФЛ лига Џексонвил, 68-годишниот Шахид Кан се откажа од купување на легендарниот лондонски стадион „Вембли“.

Пакистанско-американскиот милијардер за „храмот на островскиот фудбал“ му понуди на Англискиот фудбалски сојуз (ФА) 700 милиони евра. Меѓутоа, кога сфати дека неговата понуда предизвика многу поделби, се повлече/

„Господинот Кан одлучи да го повлече својот предлог, бидејќи смета дека неговата понуда предизвика повеќе поделби отколку што очекувал“, изјави извршниот директор на ФА, Мартин Глен.

Англиските медиуми наведуваат дека проблемот го предизвикале парите. Меѓутоа, не висината на понудата, туку начинот како ФА ќе ја подели таа сума. Членовите на Генералниот комитет на ФА неодамна ја прифати понудата на Кан, а конечната одлука требаше да биде позната по седницата на Советот на ФА во кој има 127 членови претставници на клубовите и локалните фудбалски организации.

Повеќето навивачи и англиски фудбалски легенди се спротиставија на продажбата на домот на англискиот фудбал, а поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил продажбата на „Вембли“ ја оцени како смешна и налудничава.

Стадионот „Вембли“ е изграден 1923 година. Официјалниот капацитет на стадионот беше 82.000 места, иако во историјата имало и натпревари на кои имало и повеќе од 100.000 гледачи. На овој стадион англиската репрезентација играше 70 години, а во 1966 година на него ја освои и единствената светска титула. На „Вембли“ се одржуваа и натпреварувањето на олимписките игри во 1948 година.

Стадионот е затворен 2000 година, беше затворен во 2003 година, а на неговото место е изграден новиот „Вембли“ кој е отворен во март 2007 година. Уривањето на стариот и изградбата на новиот стадион чинеше околу милијарда евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.