Сопственикот на „Кубус“ се најде на транспарент во центарот на Скопје (ФОТО)

Денеска осамна транспарент на мостот кај Археолошкиот музеј во центарот на Скопје, со натпис: „Златко Тодоров-Кубус, синоним за измама и грабеж во градежништвото“.

Архитектот Златко Тодоров е сопственик на градежната компанија „Кубус“. Неговиот автомобил во септември минатата година беше опожарен, а тој тогаш во медиумите изјави дека се сомнева дека подметнатиот пожар е поврзан со судски спор за кој неодмна имало пресуда во негова корист.