Сопственикот на „Тиме.мк“ се обидува да манипулира со јавноста?

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) реагира на објавите во некои медиуми кои се повикаа на изјава од професорот Игор Трајковски дека Наставно научниот совет одлучил сите професори да учествуават на утрешниот протест, објавува Курир.

Трајковски, кој инаку е сопственик на агрегаторот „Тајм.мк“, денеска преку својот Твитер профил објави манипулативна информација дека “Утре сите професори од ФИНКИ ќе маршираат со студентите“, која подоцна беше пренесена од низа опозициски портали.

Сепак, демант до Трајковски стигна директно од деканот на ФИНКИ д-р Димитар Трајанов , во кој се вели дека факултетот не донел ваква одлука и дека ставот на Трајковски е само поединечен став.

-Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) не донел ваква одлука. Па оттаму изнесениот став во дел од медиумите не е официјален став на Факултетот. Оттаму, апелираме од воздржување за изнесување на поеинечни ставови и нивно претставување како официјален став на целиот колектив на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), стои во реакцијата од деканот.

После ова, станува јасно дека сопственикот на „Тајм.мк“ спроведува лична агенда за студентските протести, неуспешно обидувајќи се својот став да го наметне како став на ФИНКИ. Дека станува збор за лична агенда, дополнително потврдуваат и низата активности на Трајковски изминатиов период, каде преку својот агрегатор и личниот Твитер профил секојдневно ги форсира најавите за студентски протести.

plenum

Покрај тоа што на „Тајм.мк“ најавите за протести на опозициските портали секогаш се наоѓаат во ударните кластери, на видни позиции на агрегаторот за вести можат да се забележат и банери на неформалната студентсска оганизација „Студентски Пленум“, како што е случај банерот за утрешниот најавен протест.