Сопственост од милион долари украдена од домот на Мајкл Џексон

Од домот на починатата поп-икона Мајкл Џексон во Лос Анџелес украдени се лични предмети и записи на музичарот, а штетата е проценета на милион долари, објави интернет таблоидот TMZ.

Компанијата којашто управува со оставнината на пејачот поднела тужба пред судот во кој го посочила списокот на украдените предмети. Меѓу нив има повеќе електронски носители на податоци со снимки од необјавени јавни настапи на Џексон, фото албум, црна чанта со апликација на череп, признанија и кукла која го прикажува самиот музичарот.

Осомничен е Џефри Филипс, поранешниот партнер на една од сестрите на пејачот. Се претпоставува дека тој го изнел предметите додека семејството на Мајкл Џексон ги водат постапките во врска со смртта и оставнината на ѕвездата.

Покрај тоа, се наведува дека Филипс некои од украдените премети веќе понудил на аукции. По жалбата на компанијата кој е задолжена и за домот на Џексон, едно наддавање било забрането.

Мајкл Џексон почина во јуни 2009 година, на 50-годишна возраст. Магазинот Forbes неодамна го прогласи Џексон за најплатената личност во шоу-бизнисот во 2022 година. Наследникот на музичарот заработиле годинава 580 милиони американски долари.