11.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Сораја доби изненадување од 65.000 евра за роденден

Старлетата Сораја Вучелиќ својот 33. роденден го прослави на гламурозна забава во Виена , на која беа поканети најблиските пријатели.

Според српските медиуми , старлетата добила скапоцен подарок од анонимен додворувач.

Неколку часа пред прославата, таа добила скапоцен часовник Ролекс вреден 65.000 евра. Извор близок на старлетата раскажа за подарокот.

„Сораја веќе подолго време планира роденденска забава и сакаше да ги покани сите нејзини пријатели. Таа за прославата избра еден од најлуксузните ресторани во австриската престолнина. Сораја одамна ја планираше роденденската забава и не жали за парите “, рече тој.

Со денови примала подароци од пријателите, а еден особено ја воодушевил.

“Сораја се смести во еден од најскапите и најлуксузни хотели во Виена и беше изненадена од пратката на нејзиниот роденден. Во еден момент, ја повикаа Сораја од рецепција и и рекоа да се симне, бидејќи пристигнал подарок за неа.”.

“Таа беше пречекана со огромен букет рози и кутија во која имаше часовник. Тоа е најновиот модел на дијамантски часовник на брендот Ролекс, во вредност од 65.000 евра. Вучелиќ го доби од богат додворувач кој долго време е вљубен во неа, тоа е бизнисмен кој живее во Америка. Покрај подарокот, Сораја доби и роденденска картичка од него, во која се вели: „Дијаманти за најубавиот дијамант“, што ја остави без зборови “, додава изворот.