Сораја: Партнерот ме принудува да родам бебе, јас сум незрела да бидам мајка, дете сум во главата

Сара Сораја Вучелиќ во Црна Гора се омажи за богат бизнисмен од Холандија, а сега живее со него во Москва.

-Партнерот ме принудува да родам бебе, тој постојано го спомнува родителството, смета дека е време и дека треба да родам. Лично, секако, сакам деца, но не ме оптеретуваат премногу тие работи. Јас сум незрела за да бидам мајка – открива Сораја, чиј живот отсекогаш ги заинтригирал медиумите и нејзините многубројни обожаватели -додаде таа

Таа додава:

-Сè уште сум дете во главата! Едноставно, не сум подготвена, ќе дојде време и за тоа.

Таа живее на релација Русија-Холандија веќе неколку години, а во моментов, поради моменталната состојба со коронавирусот, таа е разделена од нејзиниот партнер и престојува во Црна Гора, додека тој е во Москва.

-Мојот сегашен живот е сосема поинаков од поранешниот во Белград. Тој е посериозен, но и јас станав сериозена – вели Сораја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.