Соработници на Рохани не добија американски визи за ГС на ОН

Иранскиот претседател Хасан Рохани нема да биде со вообичаениот тим советници на Генералното собрание на ОН во Њујорк, бидејќи не им се одобрени визи, јавија иранските медиуми.

Новинари кои обично го придружуваат претседателот во неговите патувања во странство исто така не добиле визи.

Рохани и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ги добија своите визи во четвртокот. Зариф пристигна во Њујорк во петокот. Тој доби право да донесе во САД  само двајца соработници со себе.

Неговиот говор пред Генералното собрание е закажан за в среда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.