Соработничката на Макрон горда што ја блокирала Македонија

263

Француската министерка задолжена за европски прашања, Натали Лоазо, во средата вечерта за мрежата RTL изјави дека го блокирала проширувањето на Европска унија со Македонија и Албанија.

„Кога бев министер за европски прашања, го блокирав проширувањето со Албанија и со Северна Македонија“, пришува во твитот кој Лоазо го објави на својор микроблог.

 

Лоазо во февруари ја посети Македонијаи уште тогаш порача дека не е доволен само Преспанскиот договор  за отпочнување преговори на земјава со ЕУ.

Преспанскиот договор ги отвори вратите на НАТО, но што се однесува до ЕУ, Северна Македонија треба да ги исполни неопходните критериуми за реформи во клучните области. Одлуката за отпочнување на преговорите ќе биде донесена едногласно од 27-те земји членки на Унијата, изјави француската министерка за европски прашања Натали Лоазо на 26 февруари во Скопје.

Натали Лоазо ја предводи лисата на партијата на францускиот претседател за европските избори и важи за една од најблиските соработнички на Емануел Макрон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.