ГРЧКИ МЕДИУМИ: Сорос потроши милиони за предизвикување граѓанска војна во Македонија

Сорос Медиуми Грција Македонија

Во фокусот на грчките медиуми во контекст на настаните во Македонија се активностите на Џорџ Сорос.

Онлајн изданието „Пентапостагма“ информира и дека „Сорос потроши милиони за предизвикување на војна во Македонија“ и дека соросовите пари, освен кај граѓанските платформи, одат и во џебовите на политичари и на новинари, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Познатиот милијардер Џорџ Сорос потроши милиони долари за финансирање на насилни протести во п ј Р Македонија, како чекор во насока на директно предизвикување граѓанска војна и последователен воен конфликт со Русија…Сорос потроши милиони во обидот да ги организира невладините организации, вклучувајќи и платформа за граѓаните, а пари се насочуваат и кон политичари, новинари, центри за човекови права и центри за поддршка со цел промоција на неговата агенда, се вели во анализата на „Пентапостагма“.

Порталот информира и дека дел од американските медиуми, експерти, но и сенатори го обвинуваат амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли и претходната администрација на претседателот Барак Обама, дека парите на американските даночни обврзници од програмата УСАИД ги насочувале кон соросовите организации во корист на опозициската СДСМ. Доколку подземната рута и илегалните дизајни на движење на парите се докажат, тогаш станува збор за сериозна работа за која што во САД се предвидени тешки казни, се вели во анализата.

Сорос Медиуми Грција

Грчките медиуми во своите денешни изданја се осврнуваат и на вчерашната средба на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со македонскиот претседател, Ѓеорге Иванов.

Или мандат за Зоран Заев или меѓуетнички тензии и „блокада“ на и така блокираната интеграција на Македонија во Европската Унија, се пораките од посетата на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, на Македонија издвоени во грчките медиуми.

Весникот „Етнос“ пишува дека Туск побарал решение базирано на здрав разум и демократски принципи, кое што нема да предизвика меѓуетнички тензии, пренесувајќи ја при тоа пораката дека кризата го блокирала патот кон Европската Унија и дека без решение во насока на давање на мандатот на Зоран Заев и албанските партии, не можело да се надеваме на поддршка од Брисел.

Претседателот на ПЈР Македонија, како што се виде од заедничката прес-конференција по нивниот состанок, „не чул“ ништо од ова и инсистира да не го даде мандатот. Ја нападна и платформата на албанските партии, тврдејќи дека нејзино прифаќање ќе значи загрозување на унитарноста на земјата, пишува “Етнос”.