Сорос: Украина е можеби почетокот на Третата светска војна

Американскиот берзански шпекулант и милијардер од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос изјави во вторникот на Светскиот економски форум во швајцарски Давос дека руската воена интервенција во Украина би можела да биде почетокот на Третата светска војна и дека поради тоа најдобар начин да се зачува „слободната цивилизација е да се победи“ рускиот претседател Владимир Путин, а во ист тон го критикуваше и кинескиот челник Кси Џинпинг.

Дведесет иедногодишниот Сорос ја смести украинската војна во контекст на „пошироката борба меѓу отворените и затворените општества кои се во пораст, а ги предводат Русија и Кина„.

„Инвазијата би можело да биде почеток на Третата светска војна и можби нашата цивилизација нема да ја преживее. Најдобриот, а можеби и единствен пат да ја зачуваме нашата цивилизација е што поскоро да го победиме Путин. Тоа е најважното“, рече Сорос.

Соросовата мрежа невладини организации и медиуми е во конфликт со конзервативните општества поради промовирањата на ЛГБТИ заедниците, и беше ставена во руското законодавство на листата „странски агенти“ по урнекот на соодветната американска, а во Русија има задача да ја зајакне слабата опозиција на претседателот Путин.

„Путин, кој својата…. ја испларнирал поради остварувањето на целите на Кремљ, сега можеби и знае дека згрешил и е подготвен да преговара за перекин на огнот. Но прекинот на огнот е недостижен, бидејќи нему не може да му се верува. Колку е Путин послаб, толку ќе станува понепредвидлив“, рече Сорос без да наведе ниеден аргумент за неговото тврдење.

Европската унија, продолжи повторно без аргугемнти Сорос, мора да сфати дека Путин може да го затвори вентилот на дотокот на рускиот природен гас, кој сега покрива 40 отсто од европските потреби „а тоа навистина болно погаѓа“.

„Не можам да го предвидам исходот (на војната), но Украина сигруно има шанси во борбата“, рече Сорос без да се осврне на руските обвинувања дека неговата фондација е еден од финансиерите на мрежата од 30 американски биолоаборатории во Украина во кои се изведувале опасни опити за биолошко и токсично оружје, како и нехумани тестови на силни тестови врз пациенти.

 

Сорос за Кси

Рисија, по површината најголемата земја, и Кина втората најголема економија во светот, се водечки членки на растечката група држави на „затвореното општество“ во кои поединецот е подреден на државата, продолжи Сорос префрлајќи се на критиките за кинескиот претседател Кси Џипинг.

Надоврзувајќи се на оцената на американскиот претседател Џо Бајден кои рече дека „Западот е во борба со автократските влади“, Сорос изрази песимизам.

„Репресивните режими сега растат, а отворените општества се во дефанзива. Денеска Кина и Русија се најголемите закани за отвореното општество“, рече Сорос.

Оцени дека дигиталната технологија, особено вештачката интелигенција ѝ „помогнала на Кина да ги собере личните податоци за надзор и контрола на своите граѓани поагресивно од кога и да е претходно“. Но Сорос не спомена дека и развиените западни земји исто така одамна ги поседуваат тие технолошки потенцијали.

Кинеските функционери ги отфрлаат ваквите западни критики како неоколонијално размислување и посочуваат дека власта во Пекинг последните децени извлече повеќе од 800 милиони луѓе од сиромаштијата,

„Стратегијата, којашто ја предводи кинескиот претседател Кси Џипинг за нулта стапка на зараза со коронавирусот, не успеа и го доведе градот Шангај на прагот на отворена побуна“, рече Сорос.

Всушност станува збор за барањето на западните копмании кои работат во Кина, властите во Пекинг да се откажат од својата децениска практика на „затворање“ во случаи на појави на епидемии, затоа што со тоа имаат ограничена достапност до суровините и проблеми во испораката на готовите производи во самата Кина.

„Кси повлече многу ппогрешни потези и го загуби влијанието во Комунистичката партија на Кина којашто треба да одлучи за неговиот трет мандат. Спротивно на очекувањата, Кси Џинпинг можеби нема да го добие третиот мандат поради грешките. Но доколку и го добие, Политбирото можеби нема да му даде одврзани раце да ги избира членовите на следниот состав на Политбирото“, рече Сорос повторно без да се повика на некои извори или конкретни показатели.

Инаку 20-от конгрес на Комунистичката партија на Кина треба да се одржи есетна 2022 година. Но  Централниот комитет како највисокиот орган на Комунистичката партија во ноември минатата 2021 година одржа четиридневно заседание со усвојување на само третата резолуција во историјата на нејзиното постоење и според известувањата на кинеските медиуми тогаш и оцените на политичките коментатори Кси ја наметнал својата визија на власта и јакнењето на авторитетот на Партијата за да се избегне судбината на комунистичкито режим во поранешниот Советски сојуз,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.