Соросоидите збеснаа на Фејсбук

Опозицијата разочарана, резигнирана и збесната по исходот од вчерашната средба меѓу лидерите на четирите најголеми партии и еврокомесарот Јоханес Хан. Иако еуфорично, веќе неколку месеци наназад, како некоја мантра најавуваат дека „Груевски е готов“, „Само што не дал оставка…“, излезот бил единствено во преодна влада,  илузијата во опозициската партија пукна како балон, откако вчера, јасно и недвосмислено, беше посочено дека  е постигнат договор кој треба да послужи како рамка за излегување од кризата и за стабилизирање на турбулентната политичка ситуација во Македонија, но во тој договор, кој патем вчера го потпишаа учесниците на средбата, не е ниту споменато формирање на преодна или техничка влада.

Единствено што е договорено е предвремени парламентарни избори во април следната година, задржување на препораката од ЕУ, подготовка на земјата во смисла на изборниот законик и ревизија на избирачкиот список, како и да се задржи понатамошното спроведување на сите препораки на ЕУ. Следната недела ќе се одржи нова рунда преговори, на кои ќе се прецизираат деталите на веќе постигнатиот вчерашен договор.

Како што вчера објави „Нетпрес“, повикувајќи се на дипломатски извори, по средбата во Брисел, било договорено опозицијата да се врати во Парламентот.

Сфаќајки како ќе се движат  насоките извадени од договорот на оваа и следните вакви средби кои се очекуваат, повеќе од очигледен и јасен е стравот на опозицијата, која е повеќе од свесна дека и утре да има избори, кои нејзе најмалку и одговараат, нема да ја добие поддршката од народот. Таа дури ни малку не го зголеми својот рејтинг ни со погубната стратегија на објавување прислушувани и монтирани телефонски разговори на државни функционери од актуелната власт, за нивни наводно криминални афери.

Нервозата се забележува и на социјалните мрежи, на статусите на опозициските поддржувачи.
Новинарот Бранко Тричковски, познат по своите вулгарни статуси и коментари за актуелната власт, на својот ФБ профил пишува:

„Значи, Хан и бандитите од Македонија се договориле да има избори во април! Можеле да се договорат и да ја ограбат бензинската станица во Студеничани или Ненародната банка! Каква е разликата!? Ние не ги признаваме нив како фактори за какво и да е релевантно одлучување! Не им го признаваме решението! Не им признаваме ништо! Нив не ги признаваме! Можете да одите на избори како кога некој нормален оди у курац! Без нас! Ние ве сметаме за криминални инсталации! Сите! За општествено нерелевантна стока! Нас не боли курот за вашиот договор! Дали се разбираме, Брисел!? Скопје колинг!“.

branko_trickovski_citat

Ивор Мицковски, за вчерашната средба, коментира: „Режимот и официјално со странски печат, се спаси!“.

ivor_mickovski_citat

Новинарката Јорданка Ивановска, еден од најголемите критичари на актуелната власт, на својот ФБ профил пишува дека избори за опозицијата би биле самоубиство, доколку не се организираат од преодна влада.

„Под 1. оваа небулозна одлука за кратко време ќе обесхрабри многу луѓе кои очекуваа Груевски да си замине час поскоро. Всушност беа убедени или други ги убедуваа.
Под 2. Една година давање гаранции за опстојување на политичката сцена, е доволен период за консолидирање на партијата на власт од досегашните „бомби“. Свежа, нова, намирисана, во ново руво. И со нова посилна пропаганда. Како да кажам најпросто за сите да разберат-може да се јебете сите вие до април, што сте прифатиле вакви услови“, пишува Ивановска.