СОС-знакот им го спасил животот на морнари на пуст остров

Тројца морнари од Микронезија насукани на далечен ненаселен остров во западниот дел на Тихиот Океан се пронајдени благодарение на закот СОС што го исцртале во песокот, а спасителите успеале да го забележат.

Австралиските одбранбени сили соопштија дека пронајдените мажи се исцрпени, но неповредени. Благодарение на австралиските и американските воени летала, најдени се на островот Пикелот во Микронезија, 200 километри западно од местото каде што тргнале.

Морнарите исчезнале откако нивниот брод долг седум метри останал без гориво и така отстапил од рутата.

Австралискиот брод „ХМАС Канбера“, кој служи како пристаниште за хеликоптери, примил повик за помош додека пловел помеѓу Австралија и Хаваите. Во неделата австралиски хеликоптер на еден од островите од воздух заблежал знак СОС напишан на плажа. Слетал на малиот остров и на заталканите жедни и гладни морнари веднаш им дал вода и храна.

Да се пронајдат морнари таму е  како да пронајдеш игла во пласт сено зашто Микронезија се состои од повеќе од 600 мали острови расфрлени по океанот, а сотровот Пакелот е ненаселен и голем помалку од половина километар, пренесува „јутарњи.хр“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.