Соседи се истепале во с.Шишево

На 28.09.2019 во 20,00 часот во СВР Скопје, Ѓ.М.(19) од с.Шишево,скопско пријавил дека истиот ден околу 19,00 часот во с.Шишево бил физички нападнат од Г.А.(36) и 16 годишен малолетник и двајцата од с.Шишево,скопско.

Причина за физичкиот напад биле претходни недоразбирања. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.