Соседите на Анџелина Џоли не можат веќе да поднесат: Се дере на децата, а журките траат цела ноќ

Соседите  на славната Анџелина Џоли раскажаа детали за актерката, за кои до сега не се познати во јавноста.

Соседите се пожалиле дека со ноќи неможат да спијат и нормално да седат на своите тераси, затоа што Анџелина е многу гласна.

Таа често вика на своите деца , поради што комшиите се загрижени.

Покрај тоа, тие раскажуваат дека актерката често и гласно комуницира со своите пријатели и дека неретко заедно се забавуваат во нејзиниот дом до раните утрински часови.