Соседите ни се смеат за наопаку поставеното знаме на средбата Ѓукановиќ-Пендаровски

При стет-а-тет средбата на црногорскиот и македонскиот претседател во Скопје знамето на Црна Гора беше свртено на обратна страна.

Дали намерно или случајно во последно време се прават утки со знамињата на земји чии високи претставници доаѓаат во официјални посети на државата, не знаеме.

Ама, едно е сигурно – соседите не исмеваат со уште еден гаф.

Откако Македонија со погрешно знаме го пречека австрискиот канцелар Себастијан Курц, со холандско знаме пречекан францускиот амбасадор во Општина Охрид, последен во низата гафови се случи со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ кој имаше средби со државниот врв и со шефот на државата.

Ѓукановиќ во вилата на Водно кај претседателот Пендаровски го дочека знаме свртено на обратна страна.

Експресно кабинетот на претседателот му прати извинување на кабинетот на црногорскиот претседател.

„Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се извинува за превидот за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ . Несакан превид беше направен за време на подигнувањето на црногорското знаме на тет-а-тет средбата на двајца Претседатели“, се наведува во извинувањето од кабинетот на Пендаровски.