Сосидед не му го дава врвот на Мадрид, тензичен финиш во Севилја

Фудбалерите на Реал Сосиедад се вратија на врвот на табелата од шпанското првенство во неделата во рамките на осмото коло со високата победа од 4:1 на гостувањето кај Селта во Виго.

Куриозитет на мечот беше што три од четирите погодоци гостинските играчи ги постигнаа такаречи влегувајќи со топката во голот, откако лесно ја изигруваа слабата одбрана на домашните. Реал Сосиедад поведе со погодокот на Давид Силва во 24 минута, а веќе по десет минути Микел Ојаразабал го удвои водството, Вилијан Хозе во 54 минута со својот прв погодок на дуелот го зголеми водството на 3:0 по што Иаго Аспас во 77 минута од сомнително досуден пенал врати малку надежи за домашните, но Вилијан Хозе во 81 минута со својот втор гол ги отсрани сите сомневање за конечниот исход.

Реал Сосиедад сега има 17 бодови, еден повеќе со меч повеќе од Реал Мадрид а три бода повеќе од Атлетико Мадрид кој сезонава досега има одиграно само шест натпревари. Селта Виго има 6 бодови и моментално е на 17-то место на табелата.

Во претходниот неделен дуел Бетис на домашен терен го совлада Елче со 3:1. Домашните дојдоа до убедливо водство со погодоците на Антонио Санабрија во 7 и на Кристијан Тељо кој беше прецизен во 29 и во 56 минута, а гостите успеаја само да намалат во 60 минута со голот на Хозе Антониот Фернандез Помарес.

Реал Бетис моментално е седми на табелата со 12 бодови, а Елче со 10 бодови е на 10-то место.

Леванте за кој целиот меч го одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди не успеа да ја раелизира предноста во поле од речиси 80 минути, откако во раната фаза од играта домашната Гранада остана со играч помалку, па мечот заврши без победник 1:1.

Гранада дојде во водство веќе во 8 минута со голот на Дарвин Мачис, но по само осум минути домашниот играч Максиме Гоналонс доби директен црвен картон. Леванте набрзо, во 34 минута, профитираше од тоа со голот на Рубен Везо, но до крајот на мечот не успеа и целоно да ја икористи предноста од играч повеќе.

Леванте со само една победа и две ремија од седум кола има седум бодови и е во опасната зона на 18-то место, додека Гранада пропушти со победа на домашен терен да се искачи и до третата позциија, па остана петта, исто така, со седум натпревари и со 14 бодови.

Без победник заврши и мечот меѓу Валенсија и Хетафе, но донесе далеку поголеми возбудувања во финишот на дуелот.

Валенсија поведе во 22 минута со голот на Јунус Муса, а во 56 минута остана со играч помалу по исклучувањето на Тиеро Кореиа. Сепак домашните успеваа да го одбранат водството сѐ до 87 минута кога за Хетафе израмни Кучо Ернандез. Гостите направија резултатски пресврт во големото судиско продолжение, откако во четвртата минута од продолжението стрелец беше Анхел Родригез. Четири минути подоцна силите на теренот беа изрманети откако беше исклучен Дамиен Суарез, а Карлос Солер од пенал успеа и да го израмни резултатот непосредно пред крајот на продолжувањето.

Хетафе е моментално на осмата позиција со 11 бодови од седум натпревари, додека Валенсија од осум наптревари собра осум бодови и е 13-та на табелата.

Во понеделник, во последниот натпревар од осмото коло екипата на Вилјареал има шанса со победа да дојде на третата позиција бидејќи го пречекува Вајадолид кој со само три бода без ниедна победа е закован на дното на Ла Лига.