Состанокот на еврогрупата за Грција заврши без резултати

Состанокот на еврогрупата за Грција заврши без резултати

Без резултати заврши состанокот на Еврогрупата за Грција. Атина не достави предлози за реформи и антикризни мерки. Предлозите се очекуваат во текот на утрешниот ден.

– Атина се уште не доставила предлози, изјави по крајот на состанокот на министрите од еврозоната, Александер Стуб, фински министер за финансии.

Тој нагласи дека од Грција се очекува официјална молба во која ќе се формулира барањето за нова двегодишна програма за финансиска помош од Европскиот стабилизациски механизам.

Ситуацијата во Грција вечерва ќе биде разгледана на средба на високо ниво на државни и владини лидери од еврозоната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.