Состанок на косовската и српската полиција за убиството на Ивановиќ

ЕУЛЕКС објави на својот Твитер профил дека претставниците на српската и косовската полиција се состанаа со цел да ја зголемат размената на информации и соработката во истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ.

Како што беше наведено, заменик-шефот на ЕУЛЕКС Бернард Тран  ја посредувал организацијата на успешниот состанок на претставниците на двете полиции што се одржа во вторникот.

Двете страни  се согласија да го одржат следниот состанок на почетокот од август.

Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари пред неговата канцеларија во Косовска Митровица.