Состанок на Оланд и Путин во Нормандија?

Францускиот претседател, Франсоа Оланд му понуди на рускиот претседател Владимир Путин да одржат билатерална средба на маргините на прославата за 70 години од сојузничкото слетување во Нормандија на 6 јуни.

„Го поканив рускиот претседател на прославата за 70 години од слетувањето во Нормандија и имам намера да одржиме консултации, вклучувајќи ја и моменталната ситуација во Украина“, рече Оланд во Брисел по состанокот на лидерите на европскиот блок.

Путин на 24 мај искажа подготвеност за контакт со странските лидери за време на престојот во Нормандија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.