Работната група за Договорот од Пржино, со којшто практично се стави крај на политичката криза во Македонија, денес треба да одржи нов состанок.
Состанок со посредништво на Питер Ван Хојт
На состанокот, според најавите, се очекува да присуствува и Белгиецот Питер Ван Хојт.
Членовите на работната група за Договорот од Пржино со посредништво на Ван Хојт, ќе разговараат на повеќе теми поврзани со изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на Државната изборна комисија, како и гласањето на дијаспората.
Согласно договорот од 2 јуни, како и оној од 15 јули партиите треба да формираат десетина работни групи кои ќе можат да работат на спроведување на обврските превземени од тие договори.
На средбата одржана во текот на минатата недела исто така тема беа изборните закони.
На средбата покрај напоменатите работни групи, учествуваа претставници на ОБСЕ, на невладините организации „Мост” и „Цивил” и на Министерството за правда.
ЕУ бара ДИК да биде составена од непартиски членови
Договорот од Пржино кој го постигнаа лидерите на четирите најголеми политички партии и со кој практично се стави крај на политичката криза во земјава од понеделникот започна да се спроведува.
Европската Унија бара ДИК да биде составена од непартиски членови. За оваа цел ќе биде потребно да се направат промени во Изборниот законик, што пак од друга страна ќе биде возможно дури откако опозицијата ќе се врати во законодавниот дом, односно по први септември. Дилемата е нов состав или колективна оставка во ДИК?
Според овој договор што беше постигнат на работната средба минатата недела на ниво на работни групи, до 31-ви јули ќе се прегледа и модифицира состаок на ДИК, а до 30 септември ДИК ќе добие поголеми овластувања за да обезбеди фер и демократски избори, како и исто ниво на игра на сите партии.
Атмосферата на состанокот на работната група за Договорот од Пржино, која се одржа минатата недела, ја вжештија измените во изборниот законик, како и прочистувањето на избирачкиот список.
Четирите партии потписнички на договорот од 15 јули, во присуство на експерти од ОБСЕ, граѓансите иницијатицви „Мост“ и „Цивил“, како и претставници од Министерството за правда, на средбата го отвориле прашањето како да се подобри изборниот процес.
Неофицијално, на првата средба преовладувал предлогот за активно запишување, односно запишување на избирачите на одреден период пред изборите, како и биометриски да се евидентираат знаците од прстите.
ДИК не ги извршува во целост своите задачи
Покрај припадниците на работната група за Договорот од Пржино, на состанокот учествуваа претставници на ОБСЕ, на невладините организации „Мост“ и „Цивил“ и на Министерството за правда.
Првиот човек на „Мост“ Дарко Алексов во интервју за Фактор вели дека е потребно сериозно да се преиспита начинот на избор на членовите на комисијата и да се разгледаат алтернативни начини за нејзино формирање, со оглед на нејзините изменети или зголемени овластувања и надлежности коишто ќе зависат од целокупното реформирање на изборниот процес.
Тој додава дека ДИК не ги извршува во целост своите задачи за кои е надлежна, а тоа е да грижи за севкупната законитост на изборниот процес.
За тоа што предвидува Договорот од Пржино во целост повеќе информации на следниот линк.