Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.732.702 лица. Од нив починати се 191.150, а оздравеле 750.864 луѓе

– Американски лекари откриле дека постои уште еден нов симптом кај пациенти со коронавирусот, што се манифестира со промена на бојат на прстите на нозете. Кај заразени со Ковид-19 прстите се црвени, како по изложеност на студ, објави дејли Хералд.

– Мнозинството Европејци ги поддржуваат политичките мерки преземени за да се спречи ширењето на новиот коронавирус и од локалните самоуправи и од Светската здравствена организација, се вели во студијата на германски универзитет, цитирана од ДПА. Беа анкетирани околу 7.500 луѓе од Германија, Данска, Франција, Италија, Велика Британија, Португалија и Холандија за репрезентативна студија спроведена под раководство на Универзитетот во Хамбург.  Шеесет проценти велат дека нивните земји реагирале правилно на пандемијата, а 16 проценти не ги поддржуваат мерките. Истражувањето најде особено силна поддршка – најмалку 80 проценти – за откажување на јавни настани, затворање на границите и училиштата. Користењето апликации за следење и податоци за мобилни телефони за да ги идентификувате луѓето кои имале контакт со заразени, создава различни одговори во зависност од земјата. Таква мерка во Германија одобруваат околу половината анкетирани, додека во Италија тој удел е 85 проценти.

– Бројот на потврдени случаи на инфекција со новиот коронавирус во Германија се зголеми за 2.337 на 150.383, според најновите објавени податоци од Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

– Компанијата Џонсон/Џонсон соопшти дека постигнале договор со биофармацевтската компанија Емергент БиоСолушн за користење на нивниот погон за производство на повеќе од милијарда дози вакцини против Ковид-19 чие тестирање е во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.