Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 145.853 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.438, а оздравени се 72.550.

– Во Србија се регистрирани пет нови случаи на коронавирус, со што бројот на заразени лица достигна 41.

– Епл ги затвора речиси сите продавници во светот до 27 март. Ќе останат отворени само одреден број во некои делови на Кина. Исто така, компанијата донира 15 милиони долари за борба против коронавирусот.

– Пет нови случаи во Хрватска, бројот достигна 37 заразени лица со Ковид-19. Од понеделник е донесена одлука да се прекине наставата во високите, средните и основните училишта, како и во предучилишните установи и да се воспостави настава од далечина.

– Јужна Кореја денеска втор ден по ред известува за повеќе излекувани случаи од коронавирусот отколку нови заразени. Вкупниот број на заболени во земјата изнесува 8.086 лица.

– Во Франција се евидентирани 800 нови случаи на коронавирус. Моментно има 3.661, а починати се 79 лица.

– Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана е зарзен со коронавирусот,

– Иако рускиот претседател Владимир Путин пред неколку денови ја релативизираше опасноста од Ковид-19, сепак Русија забрани голем број авионски летови за да спречи ширење на заразата.

– Унгарија воведува драстични мерки. Премиерот Виктор Орбан изјави дека се затвораат училиштата.

– Чешка од утрово ги затвори главно сите продавници и ресторани, во рамки на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Исклучок од забраната се продавниците за храна, аптеките и бензиските пумпи.

– Училиштата и градинките во повеќе покраини во Германија ќе бидат затворени и по велигденските празници во април. Истовремено, германското Министерство за здравство им препорача на болниците да ги повикаат пензионираните медицински работници и студентите по медицина да помогнат во лекувањето на заболените.

– Загадувањето на воздухот во Италија се намали откако Владата во земјата нареди затворање на границите поради коронавирусот.

– Најбогатиот Кинез, основачот на Алибаба, Џек Ма најави дека ќе им подари на САД милион заштитни маски и половина милион комплети за тестирање на коронавирусот.

– Новороденче во Велика Британија е најмладото заболено лице од Ковид-19 во светот. Мајката и бебето се позитивни на новиот коронавирус, а лекарите се обидуваат да утврдат дали доенчето е заразено уште во мајчината утроба или при породувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.