Состојба со Ковид-19 во светот до 13.00 часот

Ширум светот регистрирани се 119.100 луѓе заразени со Ковид-19 во 117 држави. Има 4.298 смртни случаи.

УНИЦЕФ денеска предупреди дека на социјални мрежи како и во онлајн и дел печатени медиуми, почнале да се појавуваат лажни пораки за заштита од коронавирусот што и ги припишуваат на таа организација. Тие ги повикаа граѓаните да бараат точни информации за тоа како да се заштитат од познатите извори – СЗО, УНИЦЕФ, национални здравствени установи или здравствени професионалци.

УНИЦЕФ ги наведува наводите дека избегнување на сладолед и друга ладна храна може да помогне во спречување на појава на болести, како примери за целосни невистини.

Пекинг – Властите објавија дека воведуваат 14-дневен карантин за сите кои пристигнуѕваат во кинескиот главен град од странство поради зголемениот број „внесени“ случаи на новиот коронавирус во градот. Кинеските граѓани во странство кои имаат симпштоми на заразата треба да бидат лекувани каде се наоѓаат. Во Хубеи, епицентар на епидемијата ситуацијата се стабилизира, и шести ден по ред има намалување на бројот на нови случаи.

Германија – Канцеларката Ангела Меркел изрази очекување дека во Германија меѓу 60 и 70 отсто од населението ќе се зарази со новиот коронавирус.

Австрија – Бројот на инфицирани во државата надмина 200. Од вчера до утрото има нови 157 заразени.

Албанија – Албанија запира воздушен и поморски сообраќај со Италија.

БиХ – Се затвораат училиштата и универзитетите на две недели поради епидемијата. Прекинати се и работата на театрите и спортските настани.

Иран – Иранските власти соопштија за 63 нови смртни случаи од вирусот. Вкупно досега има 354 смртни случаи.

Литванија – Литванија и скандинавски држави засилуваат мерки против коронавирусот. Во тие држави е зголемен бројот на заразени.