Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

12

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.745.469 лица. Од нив починати се 191.719, а оздравеле 755.462 луѓе.

– Бројот на нови случаи на коронавирус во Германија треба да се намали на неколку стотици на ден за да се продолжи со олеснување на рестриктивните марки. Ова го соопшти денеска Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Во Германија се регистрирани 2.337 нови случаи, со вкупно 150.383 случаи. Смртните случаи се зголемени за 227, и сега изнесуваат 5.321. Оздравени се 106.800, од кои 3.500 во изминатите 24 часа.

– Оваа сабота и недела во Србија полицискиот час ќе биде од 18 часот денеска до 5:00 в понедленик. Според анкета, граѓаните на Србија не се плашат од вирусот, но се внимателни – 70 отсто имаат доверба во здравствениот систем, а 90 отсто анкетирани сметаат дека до 1 јуни ќе биде совладана епидемијата. Оа анкетираните, 86 отсто не се плашат дека тие или членови на нивно семејство ќе се заразат додека 75 отсто носат маски и заштитни ракавици.

– Визер има намера од 1 мај да обнови летови од Виена до 20 дестинации и покрај широките ограничувања во патувањата воведени поради пандемијата со коронавирусот.

– Експериментална вакцина за првпат обезбедила заштита на мајмуни против новиот коронавирус, соопшти кинеска лабораторија од компанијата Sinovac Biotech.

– Истанбул беше турскиот Вухан, но се справивме со ситуацијата. Тоа го призна турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Според него, властите успеал еда ја стават ситуацијата под контрола откако исптратиле таму тимови од по три лица со 1.300 возила за да го откријат синџирот на заразување. – Откако тоа го увидовме, заразените беа навремено дијагностицирани и подложени на лекување со што процесот беше во контролирано ниво, изјави министерот.

– Хотелите во Романија ќе бидат повторно отворени од 15 мај кога истекува рокот на вонредната состојба. За рестораните се уште не е донесена одлука. По 15 мај ќе останат дел ограничувања – социјална дистанца и собирање на едно место на најмногу три лица. Бројот на заразени надмина 10.000 (10.096), а смртните случаи се 552.

– Советот за национална безбедност на Белгија денеска ќе заседава за да одлучи дали да укине делумно мерки за ограничување. Во изминатите 24 часа заразени се нови 1.496 лица (вкупно 44.293), оздравени се 322. Во изминатите 24 часа направени биле речиси 10.000 лабораториски тестови.

– Албанскиот Парламент ќе гласа за продолжување на вонредната состојба до 23 јуни. Според најновите податоци во Албанија има 663 заразени, 27 смртни случаи и оздравени се 385 Албанци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.