Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

30

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 873.008 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 43.275, а оздравеле 184.596 луѓе

– Во Казахстан е регистриран третиот смртен случај од коронавирус, а вкупно се заразени 363 лица, соопшти казахстанското Министерство за здравство. Шефот на државата Касим-Јомарт Токаев  на 15 март потпиша уредба за прогласување вонредна состојба, која ќе трае до 15 април.

– На Кипар е потврден уште еден смртен случај од коронавирус, со што бројот на починати достигна осум – седум мажи и една жена. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 262.

– Бројот на заразени случаи со Ковид-19 во Русија се зголеми за 440 нови и достигна 2.777, соопшти официјална Москва. Потврдени се 24 смртни случаи, а излекувани се 190 луѓе. Истовремено е соопштено дека повеќе од 40 отсто од новозаразените во москва се на возраст меѓу 18 и 45 години.

– Во Индонезија се потврдени уште 149 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени е 1.677. регистрирани се уште 21 починат, а па бројот на смртните случаи сега изнесува 157.

– Во последните 24 часа уште 45 лица, кои се излекувани од новиот коронавирус, се отпуштени од болница во Москва во последните 24 часа, соопштија градските власти. Досега оздравеле 115 луѓе.

– Бројот на заразени случаи со коронавирус во Украина се зголеми во последните 24 часа за 120, достигнувајќи бројка од 669. Во земјата досега се потврдени 17 починати и 10 излекувани.

– Во Кина продолжува да се намалува бројот на новозаразени со коронавирус, соопшти Националната здравствена комисија, која денеска првпат објави и биланс на асимптоматски случаи. Во текот на вчерашниот ден имало 36 нови случаи од кои речиси сите пристигнале од странство, а во понеделникот тој број изнесувал 48. Комисијата објави дека до вчера под надзор се 1.367 асимптоматски случаи, што е за 200 случаја помалку од претходниот ден.

– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Иран надмина 3.000, откако во последните 24 часа починаа 138 луѓе.

– Москва подготви апликација со која ќе ги следи лицата во изолација поради коронавирусот.

– Во Шпанија во последните 24 часа починаа 864 лица од коронавирусот. Вкупно се заболени над 102.000 лица.

– Меѓу 120 заразени со Ковид-19 во Црна Гора, 14 се деца помлади од 18 години, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.