Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 89.416, а оздравеле 337.164 луѓе.

– Два дома за нега на стари и изнемоштени лица во Будимпешта се погодени од коронавирусот. Во едниот има преку 100 заразени

– Во Шпанија има пад на дневниот број на смртни случаи во однос на вчера – 683 наспроти вчерашните 767.

– Во Швајцарија во изминатите 24 часа починаа 14 лица, а се заразија 124

– Во Австрија во изминатите 24 часа починаа 22 лица, заразени се 69.

– Индонезија – во еден ден 40 смртни случаи и повеќе од 300 новозаразени. Тоа е најголем пораст на починати од почетокот на епидеммијата во таа држава.

– Во изминатите 24 часа во Романија починаа девет луѓе, а во Полска, Ќешка и Украина – петмина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.