Состојба на патишта

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-К.Паланка.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.